Деветгодишниот Аријан е првак во македонскиот младински фудбал, влезе во Гинисовата книга на рекорди

Деветгодишниот Аријан е првак во македонскиот младински фудбал.
Тој има посебно моќен шут – може да шутира од гол до гол, преку целиот стадион и да постигне погодок. Тоа го има повторено 40 пати до сега, вели неговиот тренер.

Аријан Алити успеа да даде пет гола од 50 метри на еден натпревар и со тоа влезе во Гинисовата книга на рекорди.

Аријан тренира фудбал во Академијата за фудбал „Ивановиќ“ каде ја усовршува голманската техника, но шутот го однесе на страниците од Гинисовата книга на рекорди.

Фудбалските стручњаци велат дека нема да биде изненадување ако еден ден стане член на Фудбалската репрезентација на Македонија.

Сонот на Аријан е да биде фудбалер. Најмногу сака да игра фудбал. Па да му се оствари желбата за нови успеси, покрај сегашните на домашни и меѓународни турнири, да се редат трофеи и во дресот на Македонската репрезентација.

 

gevgelijanet.com