Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски – Иџе го откри новиот болид за следната сезона. „Летечкиот Македонец“ ќе вози моќен автомобил со кој ќе напаѓа нов успех на ридско-планинските трки.
Иџе во новата сезона ќе седне во Ферари 488 V8, кое е специјално дизајнирано и модифицирано за патеките на кои тој е актуелен шампион. Ова е најсилното возило кое го имал еден возач во автомото спортот од Македонија.
Стефановски новата сезона ќе ја отвори во Австрија, на 26 април, а потоа ќе вози во Шпанија, Португалија, Чешка, Германија, Италија, Полска и Швајцарија. Финишот од сезоната одново е резервиран за Словенија и Хрватска.
Нашиот автомобилист оваа година ја освои третата титула во оваа конкуренција. Претходно Македонецот беше шампион во првата етапа од кариерата кога се натпреваруваше, во 2014 и 2015 година. Осум години подоцна, Иџе успеа да го повтори успехот и пак е европски првак.
gol.mk