Две малолетнички од струшкото село Мислешево се пријавени дека се оддалечиле од дома

Две малолетнички од струшкото село Мислешево се пријавени дека се оддалечиле од дома, соопштија денеска од СВР Охрид.

Случајот во полиција го пријавила синоќа мајката на една од малолетничките, чија ќерка и претходно го напуштала домот.

– Во ОВР Струга, синоќа во 23:00 часот, 43-годишна жена од струшкото село Мороишта, пријавила дека од семејниот дом се оддалечиле нејзината ќерка Т.П.(14) и нејзината другарка А.С(15) од селото Ложани, струшко. Малолетничките и претходно биле пријавувани дека се оддалечувале од домот и се враќале, информираат од СВР Охрид.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на девојчињата, кои и пред неполн месец биле пријавени за исчезнати, но по неколку дена сами се вратиле дома. Една од малолетничките при претходното заминување украла 2.000 евра од семејниот дом.