Во рамките на соработката на Факултетот за странски јазици на Универзитетот во Тирана со Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје наскоро ќе започнат курсеви по македонски јазик во просториите на Факултет за странски јазици, како воннаставен предмет, односно предмет по избор, објави Факултетот на официјалната веб страна.
Се додава дека курсеви ќе им бидат понудени бесплатно на сите студенти на Универзитетот во Тирана и оти наставата ќе ја изведуваат македонски професори од Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. На крајот на курсот, сите студенти ќе добијат сертификат за соодветно стекнато ниво на познавање на македонскиот јазик.
Воннаставните програми за странски јазици се иновација и можности повеќе за студентите на Универзитетот во Тирана и имаат за цел да обезбедат богато и совршено искуство за сите вас кои сакате да го продлабочите своето јазично и културно знаење, се наведува во објавата.
Се замолуваат студентите заинтересирани за изучување на македонскиот јазик да го изразат својот интерес со пријавување на пополнетите формулари на Google на следниот линк: https://forms.gle/KiLa89K27ENGUm6KA.
За секакви дополнителни информации може да се јават во Центарот за курсеви за странски јазици, зграда А, 1 кат, на Факултетот за странски јазици, понеделник – четврток 08:30-16:30 петок 08:30-14:00 часот, Е-пошта: centra.gjuhevetehuaja@unitir.edu.al или на телефонскиот број +355 4 2452610.
vesnik-ilinden.com