Објавена причината за смртта на актерот Метју Пери – имал високо ниво на кетамин, со кој се лекувал од анксиозност

0
215

Познатиот актер Метју Пери, почина од дејство на кетамин, објавено е во извештајот после обдукцијата.

Скоро два месеци се чекаа анализите и причината за смртта на познатиот актер во „Пријатели“.

Давење, болест на коронарната артерија и ефекти на бупренофин, се наведени како фактрои за смртта на актерот. Во извештајот се наведува дека Пери бил на терапија со кетамин, а неговиот последен третман бил 10 дена пред смртта.

Смртта настапила после земање на наркотици, на непознат начин, но пронајден е во куќниот базен.

Во куќата биле и лекови кои идат на рецепт, но обдукцијата покажала дека ништо од тоа не е најдено во неговото тело. Во извештајот се констатира дека нема знаци на траума ниту сомнеж на насилна смрт.