Одрони на патот Македонска Каменица – Кочани, паднати дрвја го попречуваат сообраќајот на патот Делчево – Берово

Поради големи одрони на патот Македонска Каменица – Кочани сообраќајот се одвива по една лента, информираа од подружницата на Македонија Пат.

На овој патен правец кој е дел од магистралата А3, утринава паднале поголеми одрони кои го попречиле целиот коловоз, но за среќа нема повредени лица и оштетени возила погодени од камењата, информираат возачи кои се наоѓале на местото на настанот кога паднале одроните.

Воедно, утринава влошена е состојбата и на регионалниот пат Делчево – Берово каде на дел од коловозите на оваа делница, паднати дрвја го попречуваат движењето на возилата. Таму од утрово со моторна механизација екипи на подружницата на Македонија Пат се вклучени во сечење и расчистување на паднатите дрвја.

Тие апелираат на овие делници да се вози крајно внимателно со почитување на сообраќајната сигнализација.