-Нема ден да нема информација за сериозни дефекти и хаварии во РЕК Битола. Лагите и хавариите во РЕК Битола станаа секојдневие. Денес читајќи ги истите соопштенија раководството на РЕК заборави да ги смени бројките и наместо да кажат дека “ПЛАНСКИ ИМ ИСПАДНАЛ БЛОК 1”, кажаа дека плански ќе им испадне БЛОК 3. Наместо да кажат дека имаат само 30 000 тони јаглен “случајно” заборавиле уште една нула, објавија на фејсбук од Комисии на ВМРО-ДПМНЕ.
Понатаму велат:
-Суштината на сето ова е дека надвор од МРЕЖА е БЛОК 1 во РЕК Битола!
Денес на овие минусни температури, после многу драматични случувања во РЕК Битола, само поради спретноста на ракувачите на блоковите успешно беа спасени од испад Блок 2 и Блок 3. ВМРО ДПМНЕ веќе неколку недели предупредува дека на депонијата за јаглен во Термоелектрани Битола има помалку од 30 000 тони јаглен што е доволно за помалку од два дена работа на трите блока во РЕК Битола. Денес при првите влошувања на временските услови настана комплетен КРАХ во работата РЕК Битола.
Во рудникот „Суводол“ од 5 багери работи само еден со минимален капацитет, а речиси целосно надвор од функција е јаловинскиот систем. Во рудникот „Брод Гнеотино“ исто така функционира само еден багер со минимален капацитет. Во термоелектраните состојбата е уште подраматична! Денес, во раните утрински часови се случило хавараија на еден од багерите на депонија на јаглен во Термоелектрана и во опасност од испад биле трите БЛОКОВИ бидејки и тоа малку јаглен што е на депонија со лош квалитет не можел да биде однесен до котелските постројки
Eдно е јасно: приучени и неспособни кадри во енергетиката не може да има, бидејќи резултатот ќе биде ваков како што е во моментот: дефекти и нарушено производство на електрична енергија.
Се гледа крајот на ова недомаќинско работење и раскрчмување на државниот имот. После промената на власта на пролет оваа дилетанска група од РЕК Битола ќе свири во затворите, а украдените милиони народни пари ќе мора да бидат вратени.
Потребно е на 8 мај, сплотени и обединети да ја вратиме државата на вистинската патека, да ја вратиме довербата на граѓаните во системот и да ја вратиме енергетиката на вистинскиот пат, со цел ЕЛЕМ пак да биде гордост на македонското стопанство, а не црна дупка во која се губат повеќе од 300 милиони евра годишно.