МВР и СДС да не лажат. Спасовски со свој потпис го назначил Бесфор Аме на командирска позиција во РЦ Запад, на ГП Блато.
Бесфор Аме е полициски службеник, кој пред десетина години е осуден како дел од аферата „Милка“, за криумчарење добиток. Бесфор Аме бил и во притвор, а потоа со правосилна судска пресуда е осуден на 3 ипол години затвор, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.
Во продолжение на истото од партијата додаваат:
Бесфор Аме го извршил кривичното дело криумчарење од позиција на полициски службеник, од командирската позиција, на која сега повторно е поставен со потпис на Спасовски.
Бесфор Аме нема да причинел кривично дело криумчарење, доколку истиот не бил на командирска позиција, истата таква позиција на која сега е поставен со потпис од Спасовски.
Тогаш медиумите објавија дека полициските службеници, меѓу кои и Аме земале по 3.5 евра од килограм добиток, за истите да ја договорат патеката.
Од чиста етичка и морална природа не е добро да се врати полициски службеник на место каде имал сомнение за сторен криминал, а не пак и осуден на истото место. Дали истиот се вратил за да продолжи со криминалот. Но за Спасовски тоа не е ништо ново, тој 6 години од МВР направи институција за заштита на криминалот.
Едноставно е тоа што било возможно криумчарењето пред десетина години е благодарение на Бесфор Аме.
Спасовски да каже зошто го назначил Бесфор Аме на командирска позиција. И веднаш да го разреши од позицијата дел од РЦ Запад, во ГП Блато.
извор: ВМРО ДПМНЕ