Анти-македонскиот режим на СДС-ДУИ, плашејќи се од антифашистичкиот дух на македонскиот народ и отпорот на граѓаните кон оваа ненародна власт, ја суспендира демократијата и, кршејќи го Уставот и законите, не дозволува референдумско изјаснување за т.н. Француски предлог за бугаризација, се вели во објавата од Левица.
Во продолжение ја пренесуваме објавата во целост:
📍Од оваа причина, претседателот на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев, од свое и во име на македонскиот народ, поднесе барање до Уставниот суд за заштита на правото на политичко дејствување и забрана на дискриминација по основ на политичка припадност, согласно со член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Македонија.
По барањето на претседателот на Левица, Димитар Апасиев, Уставниот суд веќе оформи предмет и е должен да одлучува во скратена постапка. Talat Xhaferi, и покрај јасните деловнички обврски, одбива да ја проследи иницијативата за референдум поднесена од Димитар Апасиев до надлежните собраниски работни тела и незаконски ја узурпира надлежноста на пленумот на Собранието, арбитрарно и малициозно прогласувајќи ја иницијативата за неуредна.
❌Со ова нелегално дејствие, претседателот на Собранието оневозможува граѓаните директно да се изјаснат за прашање кое е клучно по иднината на Република Македонија, еклатантно кршејќи го Уставот, и загрозувајќи го владеењето на правото и демократијата во Републиката!
📣Очекуваме Уставниот суд да се издигне над политичките притисоци од власта и да застане во одбрана на уставниот поредок на Република Македонија, со што ќе го задолжи Џафери да постапи согласно неговите Уставни, законски и деловнички обврски и ќе овозможи собирање на потребните 150.000 граѓански потписи за распишување на референдум на државно ниво.
извор: ФБ Левица