Според тоа што го пишува бугарската историографија Царот Борис Трети е сојузник на Хитлер, човек кој го потпишал законот за депортација и праќање во смрт на Евреите од териториите контролирани од него како Фашистички сојузник.
„През 1940 царят подписва Закона за защита на нацията, който лишава евреите от повечето граждански права и по същество представлява копие на Нюрнбергски закони на Германия.
През 1940 г. Борис III отклонява съветските предложения за сключване на договор за мир и дружба, в които е включена и възможност за бъдещо съвместно присъединяване към Оста Рим-Берлин-Токио. През януари 1941 г. обаче той и правителството на проф. Богдан Филов се съгласяват България да се присъедини към Тристранния пакт.“ – стои на БУГАРСКИ јазик напишано на бугарската Википедија во текстот посветен на Царот Борис Трети.
Цар Борис III на 21 јануари 1941 година го потпишува антиеврејскиот Закон за заштита на нацијата и е докажан заговорник за истребување на Еврејската заедница. Ццар Борис III и владата на Царска Бугарија се директни виновници за депортацијата на повеќе од 11.300 Евреи од окупираните територии во Македонија, Грција и Србија, од кои 7.144 се Евреи од Македонија, во центарот за убивање Треблик, во окупирана Полска.
Роден е на 30 јануари 1894 година. Целото име му е Борис Клемент Роберт Марија Пиj Станислав Сакскобургготски. Во 1930 г. се жени за италијанската принцеза Jована Савоjска, коja што е бугарска царица под името Jоанна. Им се раѓаат две деца – кнегиња Марија-Луиза (р. 1933) и кнез Симеон (р. 1937).
Во септември 1918, Бугарија била поразена во Вардарската офанзива. Царот Фердинанд абдицирал во корист на неговиот син Борис, кој станал цар на 3 октомври 1918.
Една година по стапувањето на Борис на престолот, Александар Стамболиски од Бугарскиот земјоделски народен сојуз бил избран за премиер. Иако бил поддржуван од големата селанска класа, Стамболиски се здобил со непријателство од средната класа и војската, што довело до негово соборување со воен удар на 9 јуни 1923, и последователно негово убиство. На 14 април 1925, анархистичка група ја нападнала коњицата на цар Борис додека минувала низ преминот Арабаконак. Два дена подоцна, со бомба биле убиени 150 членови на бугарската политичка и воена елита во Софија кои присуствувале на погребот на убиен генерал во црквата „Св. Недела“.
Како и неговиот татко, Борис III води прогерманска политика и ја вклучува Бугарија кон Тројниот пакт. Во април 1941 година им ја отстапува бугарската територија на Германците кои преку Бугарија ќе извршат напад врз Кралството Југославија. Борис III цврсто ги застапувал бугарските Евреи за време на Холокаустот. Со негова помош и со интервенција на бугарската црква бугарските Евреи се спасени од концентрационите логори. Сепак, во концентрациониот логор во Треблинка биле испратени македонските Евреи. Со тоа преостанатите македонски евреи засолниште нашле заминувајќи во партизани. Умира неочекувано по кратко боледување на 28 август 1943 г., кратко по неговата посета на Хитлер.
Во бугарската историографија е познат како „Цар Обединител“, зашто во соработка со Силите на оската Бугарија на проширува во границите на Санстефанска Бугарија.
Кратко по враќањето во Софија од средбата со Хитлер, Борис починал од инфаркт на 28 август 1943, околу 16:22. Според дневникот на тогашниот германски аташе во Софија, полковник фон Шунебек, двајцата германски доктори кои се грижеле за кралот – Сајиц и Ханс Епингер – сметале дека тој починал од истиот отров кој Др. Епингер наводно го пронашол две години претходно во постсмртното испитување кај грчкиот премиер, Јоанис Метаксас, отров кој делувал бавно и за кој потребни биле неколку недели да предизвика смрт.
Цар Борис III е погребан во манастирската црква на Рилскиот манастир. На левата страна од гробот се наоѓа резба изработена на 10 октомври 1943 г. од жители на село Осој, Дебарска околија, на која е напишано:
„ На своя Царь Освободитель Борисъ III отъ признателна Македония. “
По смртта Борис III е наследен од неговиот син Цар Симеон ІІ (1943-1946).