„Пуцко петрол“ ќе направи бизнис од 600 милиони евра во Карпош со помош на СДСМ, ДУИ и Јакимовски, велат од ВМРО ДПМНЕ

СДС и ДУИ од Карпош прават тесно инфраструктурно грло, за „Пуцко Петрол“ да направи бизнис од 600 милиони.Стевчо Јакимовски е изведувач за СДС и ДУИ, тој неуморно се бори за бизнисот фирмата блиска до власта.Карпошани со СДС и ДУИ кои го држат Јакимовски добија бетонизација, наместо урбано и хумано живеење, oбвини ВМРО-ДПМНЕ.

Една од најзелените населби во Скопје со СДС и ДУИ се претвора во бетонска џунгла.Со ДУП-от кај Алумина ќе се отежни протокот на луѓе и возила, ќе се зголеми метежот, ќе нема доволно нови паркинг места.Со планот на СДС и ДУИ туркан од Јакимовски Карпош би доживеал колапс, затоа ВМРО-ДПМНЕ го блокираше ДУП-от, кој е чист бизнис интерес на власта.