Огромно преисториско морско „чудовиште“ со трето око, ископано од карпите во Англија

0
137

Научници откопале череп на џиновско морско чудовиште – плиосаур, морски рептил кој ги тероризирал океаните пред околу 150 милиони години – од карпите на брегот Јура во Дорсет.

Овој череп долг 2 метри е еден од најкомплетните примероци од ваков вид што некогаш биле откриени и им овозможува на експертите подобар увид во начинот на живот на овој древен предатор.

Тоа е еден од најдобрите фосили на кои сум работел. Единствен е по тоа што е комплетен. Долната вилица и горниот череп се споени заедно, како кога бил жив плиосаурот. Се сомневам дека постои фосилен примерок со ова ниво на детали во светот. И дури и да постои, обично му недостасува некој дел. Секоја коска е зачуван на овој фосил“, вели локалниот палеонтолог Стив Етчес за „Би-Би-Си“.

Черепот е поголем од повеќето луѓе, а на него остануваат 130 заби. Предните се долги и остри. Самиот плиосаур бил долг помеѓу 10 и 12 метри. Има четири моќни екстремитети слични на перки со кои можел да се движи со голема брзина низ океанот.

Ова животно било толку масивно што можело да лови се на што ќе наиде. Било како подводен Т. Рекс“, вели палеонтологот Андре Роу од Универзитетот во Бристол.

Плиосаурот, исто така, знаел да јаде и разни влекачи, па дури и други плиосаури.