СДС ги плукаат, а тие велат врне, Вања немалo да биде од убиена од екс претседателот на нивната градска организација Палчо, ако МВР на Спасовски навреме реагираше, велат од ВМРО ДПМНЕ

СДС ги плукаат, а тие велат врне, Вања немалo да биде од убиена од екс претседателот на нивната градска организација Палчо, ако МВР на Спасовски навреме реагираше.

Љупчо Палевски е екс претседател на градската организација на СДС, тој е близок соработник на власта, човек кој беше опозиција на опозицијата. Палчо е СДС колку што се Ковачевски и Зечевиќ, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.
Во продолжение на истото од партијата додаваат:

СДС се плаши од поврзаноста со Палчо, затоа што МВР на Спасовски можеше, но не стори ништо да го фати на време, а Вања да биде спасена.

Доколку беше распишана централна објава по возилото на убиениот Панче уште на 24-ти ноември, убијците на Панче ќе биле фатени уште истиот ден кога возилото првпат е регистрирано од камерите на „Безбеден град“, а до убиството на Вања кое се случило на 27-ми немало да дојде.

СДС не може да се испере од фактот дека Вања е мртва заради ненавремена и неефикасна истрага во случајот Панче од страна на МВР на Спасовски.

извор: ВМРО ДПМНЕ