Нова измама со огревно дрво во Куманово, жртва 82-годишна жена

Во Кумановската полиција вчера во 12.30 часот, 82-годишна жена од Куманово пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 9.000 денари.

Според пријавеното, лицето и понудило огревни дрва и откако се договориле, нејзиниот сопруг со лицето се упатиле на местото каде наводно биле складирани, но лицето подоцна се вратило и ѝ кажало дека камионот со дрва се расипал и ќе му требаат парите за поправка и таа му ги дала парите.

Подоцна, нејзиниот сопруг се вратил без дрва, по што сфатиле дека се измамени. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.