Калин и Новак заедно на подготовки во Дубаи за новата сезона

Зачестија средбите и заедничките тренинзи на Калин Ивановски со Новак Ѓоковиќ, а тоа е нешто што може само да му донесе полза на најдобриот македонски тенисер.

Калин кој е 325-ти на АТП листата, моментно е во Дубаи каде се подготвува за следната сезона, а таму е и Ѓоковиќ со својот тим. Ивановски на „Инстаграм“ објави фотографии на кои се гледа позитивното расположение и кај него и кај најдобриот тенисер на светот.

 

 

sportmanija.mk