Кој е тој среќник кој е за 5.100.000 евра побогат од синоќа? Ова прашање кружи во Панчево, каде оваа недела беше извлечено вртоглаво високата лото седмица, но засега никој не може ни да погоди.
Екипата на српски Телеграф ги праша и жителите на Панчево, дали се сомневаат кој би можел да биде добитникот.
На прашањето што би направиле со толкав профит, никој не одговорил дека прво ќе го потрошат на себе. Секој најпрвин помислил на своите најблиски, на своите деца или на многудетните роднини на кои најмногу би им значела ваквата помош.
– Мојата сестра има многу деца. Прво неа би ѝ дал – тоа е првото нешто што му паднало на памет на еден маж, додека една постара госпоѓа како од ведро небо одговорила:
– Пред се би им помогнала на децата, ништо повеќе не ми треба.
Друга изјавила дека сигурно нема да задржи се за себе, туку дел од парите ќе им даде на сиромашните.
Жител на Панчево и се пожалил на новинарската екипа дека игра лото 36 години, но никогаш не добил седмица.
Телеграф дошол до продавачката на местото Талиќ, која не и е првпат некому да носи милиони.
Имено, ова е веќе втора вртоглава седмица која се уплаќа кај неа.
-Ова е веќе втора седмица која е извлеченаод уплата кај мене. А, за бинго и бинго плус да не зборуваме… Имаше само шестки – вели таа, возбудена како минатата ноќ таа да освоила милиони.
– Многу сум среќен кога некој ќе добие. И на сите овде, во трафиката им посакувам среќа од се срце – додава таа.
vecer.mk