Драма во Загреб: Крадец украл автомобил со дете на задното седиште – полицијата во потера

Непознат маж украл автомобил во Загреб со дете на задното седиште, а полицијата се уште ги утврдува сите околности на кражбата што се случила вчера околу 17 часот на Максимир и трага по крадецот.

Како што пишува Дневник.хр, автомобилот бил украден вчера попладне на улицата Буковачка.

Глетката на преплашениот маж кој трча по автомобилот не ја пропуштиле некои минувачи, а за Дневник.хр раскажал едно од лицата кои случајно се нашле на лице место.

Таа рече дека таткото го оставил автомобилот да работи пред пекарницата.

„Ги вклучи сите четири трепкачи. Влезе во пекарницата, а неговото невнимание го искористи крадец кој го украде автомобилот, но со дете на задното седиште. Во целосен шок сум“, изјавило лицето, кое случајно се нашло на местото.

Детето набрзо било пронајдено неповредено недалеку од пекарницата, а истрагата е во тек, како и потрагата по избеганиот крадец, велат од полицијата за Дневник.хр.