На летото полека му се приближува крајот, но многумина кои биле на летување во Грција во септември, велат дека баш овој период во годината е најубав.
Тогаш има помалку метеж, цените се пониски, почисто е, а и не е толку жешко, што особено им се допаѓа на родителите кои имаат мали деца.
3 места кои се сметаат за најубави за летување во септември според изборот на туристите:
1. Тасос
Смарагдниот остров со неверојатна убавина го сакаат и семејствата кои имаат мали деца, а од омилените плажи и места на островот се истакнуваат Скала Потамија и Голден Бич. Плажите се долги, убави и песочни, со ситен песок и многу долго крајбрежје. Родителите најчесто сакаат да престојуваат на оваа плажа затоа што нивните деца уживаат во играњето со песокот, но и во забавата во вода. На градската плажа во Скала Потамија постои и мини луна парк за деца, но и тобогани, вртелешки… Во главниот град Лименас исто така нема многу метеж и гласна музика, а со децата интересно е да ги посетите и селата кои се наоѓаат во близина.
View this post on Instagram
2. Ставрос
Малото и мирно место кое е оддалечено на 70 километри од Солун е совршена оаза за семејно патување, особено со мали деца, затоа што таму нема многу метеж. Многу од тамошните плажи се долги и песочни, а една од најпознатите плажи таму е Платани која има многу природна сенка, морето е топло и чисто, а вашите деца ќе можат без грижа да уживаат во водата. Таму популарни се и плажите Бабилон, Амос, Сан Тан…
3. Кефалонија
Кефалонија е најголемиот остров на Јонскиот архипелаг, опкружен со планински венци, а влезот во водата е постепен, па плажите на Кефалонија се совршени за капење со деца. Една од најубавите плажи таму е Макрис Гиалос која изобилува со чиста вода и ситен песок, а задолжително е да ја посетите и плажата Кси која е интересна поради црвенкасто-златниот песок. Плажата е долга и широка, опкружена со дрвја и има природна сенка.
View this post on Instagram
tocka.mk