Пожарот кај Ајватовци е надвор од контрола, изјави Стојанче Ангелов вечерва.
Зафатена е поголема површина, најмалку 30-тина хектари, од кои што поголемиот дел зимзелена шума.
„Силите на Противпожарната бригада на град Скопје ќе се фокусираат да го сопрат огинот да се движи кон селото“, изјави Ангелов.
Пожарот е веќе излезен од атарот на селото Ајватовци, изгорен е Ајватовскиот рид и постои опасност поради ветрот да се прошири.
Рано изутрина два полициски хеликоптери ќе почнат со интервенцијата, а нешто подоцна ќе им се приклучат и двата авиони ер трактор на Дирекцијата за заштита и спасување.
фото и видео ЦУК