Состојбата со поплавите во БиХ е алармантна, има загинати и исчезнати лица. Центрите на градовите беа претворени во реки, а некои места беа отсечени од светот.
Како што јавува Кликс, во близина на изворот Комадино, недалеку од Јабланица, во Босна и Херцеговина патот е целосно исчезнат поради пороите и одроните што го зафатија теренот. На фотографијата може да се види и како железничката пруга виси во воздухот бидејќи водата ја однела почвата под неа.
Trenutno stanje na području Jablanica – Doljani… pic.twitter.com/AsFJ2pVLmH
— Bljesak.info (@Bljesak) October 4, 2024
Поради големите поплави и одрони, голем број од населението е загрозено, со информации дека има жртви, како и голем број повредени и исчезнати лица“, соопшти Федералната управа за цивилна заштита.
Министерот за одбрана на Босна и Херцеговина Зукан Хелез во програмата на Ал Џезира изјави дека според непотврдени информации има 20 жртви во катастрофалните поплави и одрони.
„Дневни аваз“ јавува дека неколку лица се водат за исчезнати во селото Злате кај Јабланица, кое е во најлоша состојба.
Владата на Херцеговско-неретванската жупанија, со седиште во Мостар, ја нарече ситуацијата критична и ги повика граѓаните да не се движат кон Коњиќ и Јабланица.
Најавите за нови обилни дождови даваат причина за дополнителна загриженост.