Мицкоски: Нашите компании ќе станат поконкурентни – од први јануари 2026 година започнува примената на механизмот Карбон трејд

Од 1.01.2026 година почнува примената на механизмот Карбон трејд. Карбон трејд механизмот значи дека сите компании коишто од кај нас извезуваат во рамките на Европската Унија, мора да покажат дека производите коишто ги произведуваат се произведени со користење на зелена обновлива енергија. Ова нашите компании ќе ги направи уште поконкурентни, односно, нема да плаќаат дополнителни даноци, објави премиерот Христијан Мицкоски.