Почина Сиљан Мицевски

Почина поранешниот градоначалник на Битола Силјан Мицевски (78). Мицевски беше градоначалник на Битола во периодот од 1996 – 2000 година од редовите на СДСМ. Тој заедно со неговат сопруга Виолета Мицевска беа притворени во Истражниот затвор во Битола, по обелоденувањето на аферата ТАТ во 1997 година. Мицевски беше ослободен од сите обвиненија за негова вмешаност во аферата “ТАТ” и поведе постапка за надомест на штета против државата. Народната банка му исплати отштетата од повеќе од 25 милиони денари на градежното претпријатие “Пелистер” од Битола чијшто прв човек е токму Мицевски.