Компанија воведе необично правило, aко работниците сакаат бонус за плата треба да вежбаат!

Кинеска компанија за хартија од Гуангдонг се најде во центарот на вниманието на медиумите откако ја замени традиционалната шема за бонуси, заснована на работните перформанси, со вреднување на други изведби.

Сакајќи да промовира здрав начин на живот, раководството одлучи да награди 100 вработени врз основа на тоа колку вежбале.

На пример, вработен кој ќе истрча 50 километри за еден месец ќе има право на целосен месечен бонус (во висина од една плата), пренесува Oddity Central.

Ако може да докаже дека истрчал повеќе од 100 километри за еден месец, ќе добие бонус кој е за 130% поголем од неговиот приход!

„Мојот бизнис може да опстане само ако работниците се здрави“, вели директорот на компанијата Лин Зијонг, кој и самиот е фитнес ентузијаст.

Работниците можат да го следат растојанието што го поминале со помош на мобилна апликација. Програмата се покажа како огромен успех, а Зијонг тврдеше дека сите се квалификувале за целосниот бонус.

Локалните медиуми јавуваат дека вработените позитивно реагирале на промените.

„Не само што сме во добра форма, туку и сме платени за тоа. Две птици со еден камен“, вели неименуваниот работник.

Сепак, мислењата за мрежите се поделени, а поединци веруваат дека новиот систем може да доведе до дискриминација.

„Намерата на компанијата е добра, но треба да ги земат предвид сите постоечки состојби или здравствени проблеми кај вработените“, напиша едно лице.

Вториот следеше со прашањето каква политика има компанијата кон работниците кои се изложени на ризик од срцев удар или не го исполнуваат условот за бонус од други причини.

Има и такви кои ја обвинуваат компанијата дека го загрозува здравјето на работниците со поставување на високи прагови за бонуси.

 

 

telegraf.rs