(ВИДЕО) Направиле веднаш селфи откако ја преживеале несреќата

Несреќата се случила минатиот петок на меѓународниот аеродром Хорхе Чавез во Лима, Перу. Кога авионот почнал да полетува, во него удрило противпожарно возило при што на лице место загинале двајцата пожарникари. Патниците и членовите на екипажот не биле повредени.

Човекот на фотографијата, професорот Енрике Варси-Роспиљози, ја сподели објавата на Твитер со натпис: „Кога животот ти дава втора шанса“, а фотографијата набрзо стана вирална на социјалните мрежи.

Луѓето почнаа да коментираат на фотографијата, а еден корисник на Фејсбук напишал: „Ова можеше да биде огромна трагедија. Секој што бил во авионот може да се смета за среќен“.

kanal5.com