ВМРО ДПМНЕ: Дали крајот вака мириса? Наместо мамурни соопштенија за рејтинзи, нека се приберат и фокусираат, народот никогаш не живеел полошо

Со внимание го проследивме соопштението на СДС.

Сега откако го прочитавме ни е совршено јасно зошто рејтингот на партијата СДС се движи кон рејтингот на партијата на нивниот поранешен функционер Палчо, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.
Во продолжение на истото од партијата додаваат:

Ако се чудат на анкетите тогаш нека излезат од винските саеми кои ги посетуваат и новогодишните прослави кои ги прават и од кои се уште се мамурни, и ќе видат дека народот никогаш не живеел полошо.

Нека се сконцетрираат, нека стават прст на чело и нека се напијат нешто да се отрезнат и да ја видат реалноста.

Ако уште не им е јасно, после вакво нивно соопштение нека си одговорат на прашањето „дали вака крајот мириса?“

извор: ВМРО ДПМНЕ