Единствено со што Ковачевски порасна, покрај криминалот, е инфлацијата, цените на производите и сиромаштијата, велат од ВМРО ДПМНЕ

Да се провери дали Ковачевски пред настапот на трибината, бил на вински саем. Зошто ако не бил, немаше да кажува глупоости, дека откако тој е премиер, платата скокнала на чудесни 630 евра, на портите сме пред рајот и дека новото нормално е блаженството, кое секој сака да го достигне со СДС.

Единствено со што Ковачевски порасна, покрај криминалот е инфлацијата, цените на производите и сиромаштијата, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Во продолжение на истото се додава:

Во Македонија до крајот на оваа 2023-та година, веќе ќе има 600 илјади граѓани, кои ќе живеат во сиромаштија, со 150 денари на ден, што е секој трет човек во државата, а таа бројка пред само неколку години била 360 илјади граѓани.

Со само 80 денари на ден, преживуваат 80 илјади луѓе. Ова се поразителни и катастрофални бројки и факт е дека никогаш не било полошо.

Затоа, важно е да бидат поразени.

извор: ВМРО ДПМНЕ