„Нашиот фокус е што побрза интеграција на земјата во ЕУ и нема да не поколеба токсичниот популизам и автократските тенденции, ниту лажните вести“, порача претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски, на трибината „Повеќе за сите“ во Штип.
„Горд сум што сето ова го препознаа нашите пријатели од ЕУ, во нас видоа реформска партија, во нас препознаа партнер кој земјата ја внесе во НАТО, која на граѓаните им овозможи стабилност и безбедност и која може да ја внесе земјата во ЕУ“, рече Ковачевски.
Претседателот на СДСМ и премиер, Ковачевски, посочи дека СДСМ, како водечка партија што ја сврте државата кон европската агенда, нема да дозволи напредокот на земјата да биде жртвуван од неодоговорни политичари како Мицкоски, кој самиот кажа дека со неговата партија може да нема евроинтеграции ниту за 100 години.
„Ние започнавме иницијатива за формирање на Европски фронт. Ги повикавме сите политички субјекти, невладини организации, граѓански здруженија, активисти, сите кои иднината на земјата ја гледаат како полноправна членка на ЕУ да се приклучат. Одиме на двојна победа, на претседателските избори и на парламентарните избори во 2024 година“, повика Ковачевски.
„СДСМ ќе ја формира новата проевропска Влада којашто ќе ја однесе земјата во Европската Унија и која ќе обезбеди европска иднина за нашите деца, ама не во некоја туѓа земја во ЕУ, туку тука дома, во Европска Македонија“, оцени Ковачевски во Штип.
извор: СДСМ