Косовската партија Самоопределување на косовскиот премиер, Албин Курти, најави дека ќе биде дел од албанската опозиција на изборите во Македонија, објави Република.
Вчера на плоштадот „Скендербег“, Европскиот Сојуз за Промена ја отвори заедничката канцеларија на коалицијата. На отварањето учествуваа претседателите на трите партии: Алтернатива, Движење Беса и Демократско Движење, каде им се приклучи Движењето Самоопределување од Косово, со нејзиниот претставник Беким Ќоку, кој му е советник на Курти.
Изет Меџити за оваа прилика изјави:
„Ме радува фактот дека на овој убав сончев ден, во нашиот опозициски фронт се приклучи и Движењето Самоопределување, и дека после промената во Косово и во Прешевска долина, заедно ќе ја носиме долгоочекуваната промене и кај Албанците воМакедонија.“
извор: Република.