ВМРО ДПМНЕ: Власта на СДС и ДУИ се обидува да ја прошири позитивната листа само со лекови од свои блиски фармацевтски фирми

Министерот за здравство Фатмир Меџити минатата недела медиумски повторно, по кој знае кој пат најави дека наскоро ќе се проширува Позитивната листа на лекови што финансиски ги покрива Фондот за здравство, велејќи дека „и на оваа проблематика и доаѓа крај.“

Нова дополнета Позитивна листа на лекови нема. Или крајот никако да дојде за нарачаните импровизирани здравствени одлуки на власта.

Како министерот може да знае или превиди дека токму околу над 10 лекови наскоро ќе бидат ставени на Позитивната листа?!, прашува опозициската партија.

Дали Стручната комисија е стручна само да најде начин како да се исполнат барањата на фармацевтски компании блиски на власта?

А тоа и воопшто нема да не зачуди ако е така!

Оваа власт само абнормалните работи ги прави составен дел од системот. Оваа власт сега знае само за приватни нарачки наместо за работа по јасни правила и транспарентни процедури. Оваа власт само ги наградува и стимулира незаслужните наместо на заслужните.
Импровизирањето во последниве 7 години е веќе докажана пракса на власта и нивните поддржувачи. Тоа го потврдува и оваа повторна изјава од Меџити, но и замрзнатиот статус на толку најавуваните посебни договори за лекови, а што се уште не се применети, а веројатно и нема да бидат применат наскоро. Или едноставно нова дополнета Позитивна листа на лекови нема!
Единствено нешто што е извесно кога станува збор за актуелната власт е дека Позитивната листа на лекови е повторно само предизборен маркетинг од Меџити, поточно на власта на СДС и ДУИ.

извор: ВМРО ДПМНЕ