Врв на мизерија – Шаќири вели дека владата нема пари за учебници, а има за тендери на братот на Груби, велат од ВМРО ДПМНЕ

0
96

Врв на мизерија – Шаќири вели дека владата нема пари за учебници, а има за тендери на братот на Груби, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Во продолжение на истото од партијата додаваат:

Изјавата на министерот за образование дека нема пари за да се испечатат сите учебници за средно образование е доказ дека за СДС и ДУИ приоритет не е образованието и учениците, туку криминалните тендери на фирми блиски до власта.

Власта имаше пари да префрли над 1 милион денари на братот на Груби, а нема за учебници.

Владата има пари да плати надзор од 22 милиони евра, поскап и до 7 пати споредено со други проекти, а нема за учебници.

СДС и ДУИ имаат пари за тендерите во РЕК, а немаат за учебници.

Власта има пари за приоритетите на Ковачевски и Груби, но нема за учениците.

Власта не е способна да ги реализира работите заради кои всушност постои, како нормално и достапно образование, а сака по секоја цена да остане месец повеќе. Која е целта на владеењето, ако не се способни да го одржат системот, а не пак да го унапредат? Потребни се промени.

извор: ВМРО ДПМНЕ