Сензационално откритие на научниците: Лекот за ХИВ може да спречи мултиплекс склероза?

Во текот на изминатата деценија, неколку студии покажаа дека луѓето со мултиплекс склероза (МС) кои користеле антиретровирусна терапија за ХИВ доживеале или резолуција на симптомите на МС или забавување на болеста. Ова ги наведе истражувачите да се запрашаат дали ХИВ или антиретровирусните средства можат да влијаат на ризикот од развој на мултиплекс склероза. Најновата студија објавена во Annals of Neurology верува дека одговорот е да, пишуваат Кајла Мекеј, професорка по невроепидемиологија на Институтот Каролинска и Ели Кингвел, истражувач од Универзитетскиот колеџ во Лондон, за The Conversation.

– Многу е тешко да се биде сигурен дали МС е погодена од ХИВ или антиретровирусни лекови бидејќи бара следење на големи групи на луѓе кои имаат ХИВ и МС во подолг временски период. Три студии претходно се обидоа да дадат одговор, но или имаа премалку пациенти или немаа доволно информации за третманот. Затоа не дадоа дефинитивен одговор. За нашата студија користевме податоци за луѓе со ХИВ и со МС. Тоа се речиси сите лица од Канада и Шведска кои ги имаат овие болести од 1992 година во Канада и 2001 година во Шведска – наведоа тие.

Како што додаваат, резултатите од студијата не можат да покажат дали ризикот од развој на мултиплекс склероза е намален со ХИВ или антиретровирусна терапија, туку дека постојат биолошки причини за двете теории.

– ХИВ доведува до прогресивно губење на ЦД4+ Т-клетките, кои се поврзани со МС, бидејќи тие иницираат настани што доведуваат до воспаление во мозокот и ‘рбетниот мозок. Меѓутоа, откритието дека ризикот од МС е помал кога лековите го потиснуваат ХИВ дава надеж дека во прашање е третманот, а не болеста. Можен механизам за ефикасност во намалувањето на ризикот од развој на мултиплекс склероза е инхибицијата на вирусот Епштајн-Бар. Има се повеќе докази за важноста на улогата на вирусот Епштајн-Бар кај мултиплекс склероза – велат Меккеј и Кингвел.

Антиретровирусните својства на лековите за ХИВ може да ја намалат активноста на вирусот Епштајн-Бар, додаваат тие.

Според студијата, во истражувањето биле испитани податоци за 29.163 ХИВ позитивни лица. Во текот на повеќегодишното следење, евидентирани се 14 случаи на МС, а се очекуваа 26.

 

telegraf.rs