Од денеска градината на дворецот Лудвигсбург, во близина на градот Лудвигсбургво јужна Германија, повторно е во знакот на силни бои – започнува годишната изложба на тикви, а темата оваа година гласи – „Оган“.
За изложбата се искористени околу 450.000 тикви,кои формираат фигури како противпожарни возила, пожарникарот Сем, возачи на локомотиви, го има дури и Покемон. Изложбата ќе трае до 3 декември 2023 година.
DW