Желки, делфини и други морски видови се пронајдени мртви на брегот на Тихиот Океан кај Гватемала

Десетици желки, делфини и други морски видови се пронајдени мртви на брегот на Тихиот Океан кај Гватемала, што поттикна официјална истрага.

Оваа недела биле пронајдени 65 мртви желки, од кои повеќето му припаѓаат на видот „маслиново Ридли“, како и 14 мртви делфини.

Официјалните лица веруваат дека случајот веројатно бил предизвикан од поројните дождови последните денови, што можеби однеле некои токсични материјали од континентот во морето, соопшти Националниот совет за заштитени подрачја на Гватемала.

Стручњаците од оваа средноамериканска земја ќе ги испитуваат остатоците од животните за да ја утврдат причината за смртта.

Властите продолжуваат да бараат уште угинати животни близу брегот.

фото:DailyTribune – Twitter Search / Twitter