Светлана Цеца Ражњатовиќ е рекордер по заработката на денот на Нова Година дознава српски informer.
Како што пишува порталот , фолк пејачката за новогодишната забава ќе пее на Златибор а за нејзиниот настап ќе инкасира 100.000 евра!
На листата најплатени пејачи се наоѓа и Лепа Брена, која за една ноќ ќе се збогати за 80.000 евра, додека нејзините колеги Аца Лукас и Ацо Пејовиќ ќе заработат по 70.000 евра!
Цеца секоја Нова Година ја забавува публиката, а оваа година тоа ќе го стори на Златибор.
-Цеца веќе со години е најплатена пејачка, бидејќи како што може да се види, нејзините настапи се најпосетувани. За неа менаџерите се „тепаат“, бидејќи знаат дека со неа ќе заработат многу пари. Цеца долго време нама настапувано на Златибор па соговорникот кој го контактираше српскиот портал вели дека останатите музиќки ѕвезди решиле новогодишната ноќ да ја дочекаат во Белград.
-Белград овој пат има најдобра понуда. Лепа Брена уште на почетокот на годината договори настап во еден познат ресторан, а за истиот ќе инкасира 80.000 евра. Таа не сакала да иде во странство. Аца Лукас и Ацо Пејовиќ договориле настап за ист хонорар, двајцата ќе заработат по 70.000 евра, меѓутоа нема да настапуваат на исто место. Лукас ќе ја забавува публиката во еден хотел, а Пејовиќ ќе настапува на саем. Веднаш зад нив, по висината на хонорарот е Јелена Карлеуша, која веќе добила 60.000 евра за нејзин настап во еден познат хотел, вели доброупатен извор за информер.
-Џани ќе настапува за 40.000 евра, Дарко Лазиќ ќе пее со неговата кума Андриана Цекиќ, тој ќе заработи 40, а таа 35.000 евра. Заедничка тезга договориле и Слоба Радановиќ и Катарина Грујиќ. Радановиќ ќе пее за 35.000 евра, а неговата колешка 20.000 евра, вели еден менаџер на српската естрада, а додава дека Сека Алексиќ и Слаџа Алегро ќе пеат дури на две места. Додека Сека ќе пее во хотел, Слаџа ќе ја забавува публиката во еден клуб, а пред полноќ, двете само ќе ги заменат местата! Двете ќе заработат по 25.000 евра. Дра Бубамара ќе пее за 20.000 евра, а за истата таа сума ќе пее и Радмила Манојловиќ.
Најголемо изненадување на естрадата е популарната Теа Таировиќ, која драстично ја дигна цената и за новогодишната ноќ Теа ќе инкасира 30.000 евра, со неа во ист хотел ќе пее и Катерина Жиковиќ и Јован Перишиќ, кои пак ќе добијат по 15.000 евра.
Дејан Матиќ ќе инкасира 20.000 евра, додека Каја Остоиќ и Весна Змијанац ќе заработат по 15.000 евра. Аца Живковиќ ќе пее за 10.000 евра, а ист хонорар договориле и Милица Јокиќ. Марина Тадиќ оваа година ќе пее на Копаоник за 10.000 евра.
kurir.mk