Трите женски лавчиња добија имиња: Хана, Ана и Луна

0
406

Изминатите денови добивме над 3000 предлози за имиња на трите женски лавчиња во кутиите оставени пред влезот на зоолошката градина, но и на Фејсбук страниците на Скопје ЗОО и Град Скопје. Ви благодариме што бевте креативни и што придонесовте заеднички да ги одбереме имињата за овие три мали убавици. Внимателно ги прочитавме сите предлози и најголем број од нив беа за Луна, Ана и Хана.
Да ни се живи и здрави и да не радуваат уште многу години, се вели во објавата на ФБ страната Skopje ZOO / Зоолошка градина Скопје.

извор: Skopje ZOO / Зоолошка градина Скопје

Фото: Skopje ZOO / Зоолошка градина Скопје