Денес низ светот се одбележува Светскиот ден на турското кафе, јавува Агенција Анадолија (АА).
Турското кафе, кое е симбол на задоволство во Туркије и во светот, има посебен ден. Петти декември, денот кога УНЕСКО го дефинира турското кафе како нематеријално културно наследство на човештвото, се слави како Светски ден на турското кафе.
Зрното арабика се меле за да се создаде турско кафе, кое стана познато низ светот. Турското кафе е јако и има посебни методи на подготовка и послужување.
Историјата на кафето во Анадолија, што се проширило во Туркије и Европа преку патниците од Јемен во 15 век, датира од 1500-тите години.
Турското кафе, кое станало попопуларно во Отоманската Империја, прво во палатата, а потоа и во јавноста, за кратко време оставило свој белег во секојдневниот живот и се проширило во Европа.
Турското кафе се подготвува во ѓезве. За една шолја турско кафе треба да додадете една шолја вода (мора да ја користите истата шолја) и една лажица кафе. По додавањето на кафето, не се додава шеќер, па затоа мора да додадете шеќер пред да започнете со варење. Кога кафето ќе почне да врие, оставете ја пената да нарасне, па тргнете го од оган и тоа потоа ќе даде многу пена. Традиционално, турското кафе мора да има пена, не е прифатливо без пена. Исто така, дел од традицијата е Турците да служат кафе со чаша вода и нешто благо, по можност турско слатко – локум.
Во Истанбул турското кафе не може да се служи без да биде топло, тоа е посебно затоа што се служи во филџан.
извор:Агенција Анадолија (АА).