Васил Гарванлиев, пејачот кој е еднакво успешен во поп и во оперското пеење, ланскиот македонски евровизиски претставик, сега го живее својот сон. Има нова песна која се вика „Ритам“, и вели дека откако љубовта му тропнала на врата, решил да остане во Чикаго, каде што сега живее. Среќен е со Џејсон, американски невропсихолог, за кој ни раскажа дека е љубовта на неговиот живот и негов најдобар пријател. Неговата одлука да гради кариера далеку од дома, и неговиот емотивен избор го поддржала и мајка му, која неодамна го посетила во Чикаго, а во Струмица си заминала среќна, поради среќата на синот. Од мајка си, тој го добил најголемиот благослов. За Женски магазин, Васил ги ракажа деталите за новата песна, пораката која ја носи и љубовната приказна со Џејсон. Ни испрати и фотографии на кои го покажа својот нов дом од времето на посетата на мајка му, во кој тој и Џејсон живеат со три
-Мајка ми е супер, само што си замина од Чикаго денес два часа пред да се објави песната на Јутјуб. Поминавме прекрасни две недели заедно тука во нашиот дом. Последната реченица ѝ беше: „Заминувам полна, среќна, и мирна зошто ја живееш бајката за која сонувам цел живот и не е лажна туку искрена и полна со компатибилност, разбирање, и љубов“. Негувајте се. Нема нешто поубаво. Мајка ми брат ми и моите најблиски роднини и пријатели секогаш ми биле столб на поддршка во сите дадени ситуации. Благодарен сум им бескрајно што ги имам. Не ни е прв пат да живееме на различни места, нашата поврзаност не познава далечина.
повеќе на ЛИНКОТ
zenskimagazin.mk