(ВИДЕО) Ова е најголемиот брод за крстарење во светот

Најголемиот брод за крстарење досега ќе заплови по светските мориња наскоро. Иконата на морињата е долга 365 метри, што е еквивалентно на должината на 35 автобуси, а тежи 250.800 тони, што е еквивалент на 10 Статуи на слободата со постамент и ќе има 20 палуби и капацитет од 10.000 луѓе, вклучувајќи 7.600 патници.

 

Кога ќе заплови во водите на Карибите во јануари 2024 година, удобно ќе смести околу 5.610 патници и 2.350 членови на екипажот. Ќе го вклучи и најголемиот воден парк во светот на море со шест тобогани, седум базени и девет вирови и највисокиот водопад на море. На бродот ќе има и парк полн со дрвја.

 

Иконата е изградена во бродоградилиштето Мејер Турку, едно од водечките европски бродоградилишта во Турку, Финска. Моменталниот носител на титулата најголем брод за крстарење во светот е уште еден брод од флотата на Royal Caribbean, Wonder of the Seas, кој го започна своето инаугуративно патување минатата година и е долг нешто повеќе од 362 метри, со 18 палуби за истражување.

Компанијата известува дека продажбата на крстарења по Иконата е рекордно висока, иако првото пловење е неколку месеци. Извршниот директор на Royal Caribbean, Мајкл Бејли, рече дека тоа е „буквално најуспешното лансирање на нов производ“ што некогаш го имале.

 

 

index.hr