Љупчо Јаневски си даде оставка од функцијата директор на АППТ

Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмотр, Љупчо Јаневски си поднесе оставка од функцијата. Од денеска тој повеќе нема да ја извршува оваа функција, информира на својот фејсбук профил.
-Сакам да се заблагодарам на туристичкиот сектор, медиумите, партнерите и меѓународните организации за соработката. Историските резултати што ги постигнавме во изминатите 5 години говорат за нашата работа. Тоа што го затекнав пред 5 години и бројките што ги оставаме денес во некој следен подолг текст.
Каква држава ќе изградиме во таква држава ќе живееме. Македонија мора напред!, напиша Јаневски.

извор: ФБ Љупчо Јаневски