Четири лица загинаа, а седум се повредени во страотна сообраќајна несреќа што се случи вчера во Италија.
Како што пренесуваат медиумите, возило на брза помош и автобус полн со млади луѓе се судриле во тунелот Ка’ Гулино, во градот Урбино.
Комбето на Брзата помош влегло во коловозната лента каде што се наоѓал автобусот, при што дошло до директен судир при што комбето се запалило.
Сите четири лица во комбето загинаа: тројца медицински лица и еден пациент што ги превезувале во локалната болница.
Во автобусот имало деца на возраст од 7 до 11 години, придружувани од свештеник и неколку возрасни. Тие се враќаа од патување.
Меѓу децата имало само неколку полесни повреди, додека сите се во шок. Некои плачеа и ги повикуваа своите родители.
Возачот на автобусот бил во шок. Судејќи според сликите, брзата помош барем делумно влегла на спротивната лента додека се вртела во тунелот, заглавувајќи се под предното тркало на автобусот.
Во тек е истрага за да се открие како дошло до несреќата.
telegraf.rs