Охрид денес патуваше со волшебниот свет на сказните и пријателството, преку ликовите на популарната анимирана серија за деца “Светот на Биби”.
Најмладите заедно со своите родители уживаа во препознатливите детски песнички и веселите разговори на Боби и Биби.
Преубавата празнична атмосфера на Градскиот плоштад, продолжува и вечерва со Новогодишен концерт на младите музички таленти од ООМУ “Методи Патче”.
Утре со почеток во 12:30 часот, како дел од предновогодишната програма, на Градскиот плоштад, најмладите ќе може да ја проследат детската театарска претстава “Ракавиците на Дедо Мраз”, пишува во својата објава градоначалникот Кирил Пецаков.