Ограбено родното место на Томa Здравковиќ: Вандали ја оштетиле влезната врата, па ја откорнале капијата и ја фрлиле во кал

Ограбена семејната куќа на Тома и Новица Здравковиќ во лесковачкото село Печењевце.

Имено, во пресрет на Новата 2024 година, непознати вандали ја искинале влезната капија, која потоа ја фрлиле во калта.

Исто така, сторителите го оштетиле хидрофорот на бунарот, како и влезната врата од куќата.

Да потсетиме, реновирањето на куќата на Том беше започнато минатата година, но работата запре. Сепак, мештаните се надеваат дека се ќе биде готово до крајот на тековната година, бидејќи тоа е вистинска атракција за нивниот крај.

 

telegraf.rs