На 07.01.2024 во 18.10 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода О.Џ.(31) од Гостивар и А.А.(24) од с.Форино, гостиварско. Тие се сомничат дека во текот на денот од објект во изградба одзеле градежен материјал.
Одземениот материјал бил пронајден и вратен на сопственикот, а по целосно документирање на случајот против лицата ќе следи соодветен поднесок, информираат од МВР.