(ВИДЕО) Во средно училиште во Токио, ученици го изучуваат македонскиот јазик

Поздрав од учениците по македонски јазик во средното училиште Таканава во Токио, објави амбасадата на Јапонија во Македонија на својот фејсбук профил.

Учениците во средното училиште Таканава во Токио го изучуваат македонскиот јазик изминативе две години, ја презентираат македонската кујна, природното наследство на земјата и обичаите на училишните фестивали. Иницијатор и инспирација за нивните активности е нивниот професор г. Томоки Аојама, стои во објавата.

 

republika.mk