Мексико ги враќа борбите со бикови во најголемата светска арена

Во Мексико повторно се одржуваат борби со бикови во најголемата светска арена, за првпат по укинувањето на судската забрана.

„Фиеста Брава“, како што на шпански се нарекува борбата со бикови, од 28 јануари по пауза од речиси 600 дена ќе се врати во „Плаза Мексико“ во главниот град Сиудад де Мексико, објави во четвртокот организаторот на настанот.

Активистите за права на животните успеаја пред судот во јуни 2022 година привремено да ги прекинат борбите со бикови во главниот град на Мексико.

Сепак, Врховниот суд ја укина суспензијата.

 

slobodnaevropa.mk