Вечер.мк: Новиот предлог за директор на М-НАВ, Хекуран Асани е ВНУК НА ВОЗАЧОТ ШЕФКИ и му е прв комшија на Ахмети?!

Новиот предлог за директор на М-НАВ Хекуран Асани, како што дознава Вечер.мк од извори во Владата, има завршено средно образование во Гимназијата “Мирко Милески“, по ново позната како “Дрита“ во Кичево, е прв сосед на Али Ахмети и братучед на Шефки, возачот на Али Ахмети.

Дали ова го прави кадар кој, како што беше наведено, ги исполнува условите за таа позиција?

Деновиве се појави и веста дека Хекуран Асани е внук на Ахмети, која премиерот Ковачевски ниту ја потврди ниту ја демантираше бидејќи, како што рече, не им ги знаел семејните релации, туку само професионалната биографија.

– Не знам чиј внук е, 25 години е контролор на летање, рече Ковачевски.

Според информациите на Вечер.мк, Хекуран Асани е прв комшија на Али Ахмети и братучед на Шефки, возачот на Али Ахмети и торбарот за кеш, криминал и корупција.

Текстот во целост на Вечер.мк