Денеска во УЈП на брифинг со новинарите ќе биде презентиран органограм за компании кои во дослух со бензиски пумпи сакале да го изиграат системот
УЈП открила, постапила и ги алармирала надлежните институции за деловни субјекти во нафтениот бизнис кои се обиделе да испумпаат од буџетот фиктивен ДДВ, а деталната анализа на физичките лица кои стојат зад тие бензиски пумпи ќе биде презентирана денеска. Ваквиот чекор директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска го најави пред два дена.
„Ќе ја испрезентираме таа мрежа на нафтени компании којашто е во соодветен дослух со бензиски пумпи, и врз основа на тоа ќе видиме како всушност сакале да го изиграат системот. На некој начин сакале да испумпаат од буџетот фиктивен ДДВ, за што ние навремено сме алармирале, сме постапиле. Опсежна анализа имаме направено, и опсежна процедура имаме направено, вклучувајќи и попис, вклучувајќи и детална анализа на сите фактури коишто биле дел од тие деловни односи меѓу нив, детална анализа на физичките лица кои стојат зад сите тие бензиски пумпи, бидејќи тука станува збор за многу специфичен момент. Тој органограм ќе го испрезентираме. Истовремено ги известивме самите институции за да продолжат понатаму да постапуваат и да ги преземат сите потребни дејствија”, изјави Лукаревска во емисијата „Трилинг“ на ТВ 24.
Колкави суми денари требало да бидат „испумпани“ од буџетот?