Стјуардеса на небото над Полска снимила необичен феномен

Стјуардесата Дениз Танасе (36) летала со авион на WizzAir кога решила на својот телефон да ја фотографира неверојатната глетка над Полска.

Дваесетина минути подоцна го погледнала видеото и сфатила дека сосема случајно снимила „необичен феномен“.

„Работам како стјуардеса и никогаш не сум видела вакво нешто“, вели Дениз, мајка на две деца.

Жителката на британскиот град Корби истакнува дека „феноменот“ не го видела со свои очи.

„Дури кога го погледнав видеото сфатив дека нешто не е во ред. Ги прашав пилотите и тие беа збунети“, рече таа.

 

telegraf.rs