Српската пејачка загина во Дубаи – паднала од 24 кат на зграда

Српската пејачка Андријана Лазиќ загина во страшна трагедија што се случи на 10 јануари, кога во Дубаи падна од зграда од 24 кат.

Оваа млада пејачка од Бјелина, Република Српска, на 7 јануари заминала во Дубаи, со пријателки, а таа починала три дена подоцна, дознава Телеграф.рс.

Според извори, Андријана била на почетокот на својата пејачка кариера, а пред да замине на патување снимила две песни кои наскоро треба да ја видат светлината на денот.

Исто така, Лазиќ е дипломиран правник, вработена во Министерството за внатрешни работи на Република Српска.