Православниот празник Богојавлние – Водици го одбележаа и Македонците во областа Мала Преспа

0
164

Македонците во областа Мала Преспа традиционално го одбележаа Православниот празник Богојавлние-Водици се собраа во селските цркви и после литургиите што ги одржаа свештениците Алексо Темелко и Ропи Арѓири, според обичаите, со крстот украсен со босилок се упатија кон брегот на Преспанско Езеро каде се фрла крст во сите девет села.

Во Пустец, седиште на општината, по богослужбата што во црквата „Свети Атанасиј“ која се наоѓа на брегот на езерото, ја одржа отец Темелко,  осветениот крст беше положен во езерските води а најсреќен беше Сотир Темелко, кој посака здравје, среќа и благосостојба за сите.

Vesnik-ilinden.com